Агенција за филм на Република Северна Македонија
Агенцијата за филм на Република Северна Македонија е основана со Законот за филмската дејност (сл. Весник бр.82/2013). Своето работење го почнува на 01.01.2014 година како правен наследник на Филмскиот Фонд на Република Северна Македонија. Примарна цел: РАЗВОЈ И УНАПРЕДУВАЊЕ НА ФИЛМСКАТА ДЕЈНОСТ во Република Северна Македонија. Примарни дејности: ФИНАНСИРАЊЕ на филмови од национален интерес во филмската дејност; МЕЃУНАРОДНА ПРОМОЦИЈА преку поддршка за учество на македонското филмско творештво на врвни меѓународни филмски фестивали и настани. Секундарни дејности: ФИНАНСИРАЊЕ на производство на меѓународни филмски копродукции, македонски филмски фестивали и манифестации од меѓународен карактер, проекти за унапредување на филмската дејност, развој на домашни сценарија, производство на играни серии, доедукација и унапредување на стручни кадри, МЕЃУНАРОДНА ПРОМОЦИЈА преку членување и соработка со меѓународни релевантни филмски организации, промоција на Северна Македонија како земја која располага со поволни законски услови за привлекување на странски продукциски компании, промоција на Северна Македонија како атрактивна локација за снимање на филмови; потикнување на вложување на средства во филмски или телевизиски проекти со примена на мерка, право на поврат на вложените средства. Средствата за работа на Агенцијата за филм на Република Северна Македонија се обезбедуваат од Буџетот на Република Северна Македонија и од други извори утврдени со Законот за филмската дејност.