ЈП АГРО-БЕРЗА Скопје
Формирањето на првата македонска земјоделска берза дојде како резултат на длабоките општествени, политички и економски промени и на осамостојувањето на Република Македонија од почетокот на деведесетите години.
Во согласност со ориентацијата кон пазарните услови на работење Јавното претпријатие за берзанско работење АГРО-БЕРЗА Скопје е формирано врз основа на Законот за берзи на земјоделско-прехранбени производи донесен на 13 мај 1992год. донесен од Собранието на Република Македонија.
Основна цел на Јавното претпријатие АГРО-БЕРЗА е организираното поврзување и посредување во понудата и побарувачката на земјоделско-прехранбените производи..
Постоењето на специјализираната берза АГРО-БЕРЗА се потпира и врз традициите од Втора светска војна кога на територијата на Македонија успешно функционирале Скопската берза , како и специјализираните стокови берзи на земјоделско-прехранбените производи во Скопје и Битола.
Според Статутот на Берзата, таа е јавно претпријатие во државна сопственост. Својот правен статус може да го промени во еден од облиците на претпријатија во мешовита сопственост што значи дека се создадени поволни законски услови за вложување на капитал од домашни и од странски партнери . Во таа смисла со деловната политика на претпријатието се предвидуваат посебни погодности за соработка со странски партнери и за нивно активно учество во работењето на Берзата.
Во досегашното работење Јавното претпријатие АГРО-БЕРЗА има остварено деловни контакти и договори за соработка со берзите во Нови Сад, Љубљана , Белград, Будимпешта , холандските берзи во Поелдијк, во Налдвијк и во Свангбијк, како и во берзите на Измир, Истанбул и други берзи.
Во рамките на Берзата се вршат:
Внатрешни и надворешни берзански работи, односно се склучуваат договори за купопродажба на стоки меѓу постојаните и привремените членови на берзата и со други коминтенти.
Берзата донесува берзански узанси.
Организира аукциски начин на продажба, односно надавање за купување на неунифицирани и нетипизирани производи.
Врши испитување на пазарот, дава информации за состојбата на понудта и побарувачката на стоките и го анализира движењето на берзанските цени во одреден период , врши маркетиншки услуги и слично.
Врши контрола на квалитетот и квантитетот на производите согласно со берзанските узанси.
Врши складирање на производите, организира транспорт,отпремување и доопремување на производи.
Организира домашни и мегународни саеми и изложби на земјоделски производи, а обавува и други работи вообичаени за продуктните берзи.
- Username
- agroberza
- Member Since
- December 6, 2018
- State
- active