Политика за приватност и заштита на личните податоци

 

Политика за приватност и заштита на личните податоци на корисниците и посетителите на Веб страната за отворени податоци
 

Министерството за Дигитална Трансформација (МДТ) на веб страната за отворени податоци ја спроведува следната заштита на личните податоци и информациите на корисниците и посетителите на веб страната:

- На веб страната за отворени податоци  (data.gov.mk/www.otvorenipodatoci.gov.mk), само доколку посетителот сака да се регистрира за добивање на новости на својот e-mail, се бараат следните лични податоци: име, презиме и e- mail на посетителот на Веб страната, што се проследуваат до податочна база на МДТ.

- Доколку посетителот сака да испрати порака, односно пофалба, критика, пријава или жалба до МДТ или другите институции преку Веб страната за отворени податоци, единствените лични податоци кои се потребни за
формуларот да биде испратен на електронската контакт адреса се: име и
презиме и e-mail.

Личните податоци нема никогаш да бидат објавени во било каков медиум или споделени со било кое трето правно или физичко лице.
Оставањето на овие лични податоци е исклучиво со дозвола на посетителот или корисникот на страната за отворени податоци.

На e-mail адресата посетителот или корисниот е согласен да добива информации единствено во врска со информациите за отворени податоци.  

Во секој момент, секој посетител или корисник кој има оставено свои податоци во базата на МДТ, може преку пополнување на формуларот даден подолу, да ги провери личните податоци кои истиот ги доставил до МДТ и да добие информација за обработката на истите.


Со почит,

Министерство за Дигитална Трансформација